Интерактивна алатка открива кои права ги имаат луѓето врз основа на пасошот што го поседуваат

Passport Index е интерактивна алатка која им покажува на луѓето кои привилегии им ги овозможува нивното државјанство низ светот. Алатката е дело на финансиската фирма  Arton Capital, и претставува интерактивна енциклопедија со информации за правата што еден пасош ги нуди.

Информации за македонскиот пасош

Веб-страницата собира и прикажува информации за речиси 190 пасоши од држави низ целиот свет и овозможува тие да се рангираат според моќта која ја имаат. Рангирањето се темели на неколку фактори како на пример, пристап до странски држави, безвизен режим и привилегиите при краток престој.

Според веб-страницата, најмоќни пасоши во светот се германскиот и шведскиот, додека македонскиот пасош се најде на 80 место, а на последно место се пасошите на Ирак, Пакистан и Авганистан.

Со Passport Index може да се споредат пасошите и по регион, боја и локација.