Инста(нт) вести на Радио МОФ 2.1

Новото издание на #Инста(нт) вестите е тука, ѕирнете што ви подготвивме!

Во неколку минути „спакувавме“ дел од случувањата кои го одбележаа изминатиов период. А, ги имаше многу!
Ја вклучуваме и Марија Петреска како наш дописник да ни каже што има ново во Кичево.

П.С. Ако сте средношколци и ви треба подкаст за слушање, ви го препорачуваме „Средношколски фреквенции“ каде Марија обработува теми што се важни за младите.

*Видео емисијата е направена во рамки на проектот „Младински политики за подобар животен стандард на младите во помали средини“, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.