Инсталациите „Тротоар“ поставени пред две училишта во центарот на Скопје

Со две уметнички инсталации креирани пред скопските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ ќе се подигнува свеста кај граѓаните за безбедноста на учениците пред училишните дворови и за прописното паркирање.

Инсталациите „Тротоар“ поставени пред две училишта во центарот на Скопје

Креатор на инсталациите поставени на тротоарите пред овие училишта е младата дизајнерка Натали Ристовска, која се обидува да влијае на граќаните. На овој начин авторката, инаку во немоќ да ја постави својата креација на пешачките премини поради правилникот за сообраќајна сигнализација, акцентот го става на маркирање на тротоарите кои треба да станат привлечни за децата, а во исто време и да им сигнализираат на возачите дека на тие локации се движат ученици.

Инсталациите „Тротоар“ поставени пред две училишта во центарот на Скопје

Двете инсталации „Тротоар“ се  дел од европскиот проект „Акупунктура на градот” кој го реализираа „Јавна Соба“, а се поддржани од Европска комисија, од Министерство за култура и Општина Центар.