Владимир Милиќ е дипломиран на Факултетот за ликовна уметност во отсекот за графика, со модул Дизајн.
Неговиот интерес за цртање се појавил пред 15-тина години кога започнала и неговата воодушевеност од графитите – од буквите, боите, како и малите илустрации кои ги сочинуваат овие дела.
„Најпримамливо околу ова беше како истите беа направени, факторот на девијација во сето тоа е и главната причина зошто сум продолжил да го правам тоа што го правам, а и воедно е мојот директен извор за темите кои ги опфаќам кога работам на своите лични проекти“, објаснува тој за Радио МОФ.
Милиќ досега бил дел од многу проекти за цртање графити низ земјава и во странство. Има цртано на фестивали, работел на мурали низ државата, а пред 5 години започнал да навлегува повеќе во дигиталната уметност.
Периодично работел како дизајнер, а во моментов е илустратор и концепт артист во „South Games Studio“. Од неодамна, пак, се впушти и во тетовирањето, за кое вели дека наоѓа огромно задоволство.
Милиќ е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram