#ИнстаИлустрации – Стефанија Бетоска

Стефанија Бетоска е апсолвентка на Информатичкиот факултет, отсек Информациски системи, визуализација, анимација и мултимедија при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Илустрациите ги прави користејќи Фотошоп.

„Инспирацијата позади секоја илустрација е мојата фраза – i don’t speak my mind i illustrate it . Она што не можам да го искажам на други,јас го илустрирам како еден вид на терапија“, вели таа.

Бетоска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: