#ИнстаИлустрации – Никола Кекев, nikkiarts

Никола Кекев е фриленс графички дизајнер кој на Инстаграм ги споделува своите илустрации преку уметничкото име „_nikkiarts“.

Главни алатки кои ги користи се Фотошопот и неговиот графички таблет.

„Инспирацијата најчесто ја црпам од филмови, серии и видеоигри“, вели тој за Радио МОФ.

Кекев е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: