#ИнстаИлустрации – Наталија Лукомска, Natillustris

Наталија Лукомска е полска илустраторка која живее и работи во Македонија. Нејзини илустрации се најдоа на кориците на дел од книгите издадени од „Бегемот“. Инспирацијата, вели таа, ја наоѓа пред се во јазикот – двосмислени зборови, фразеологизми, игри на зборови, но исто така и книги и песни.

„Тие секогаш даваат почеток на една цртеж-приказна која илустрира една човечка состојба, најчесто во женски облик“, објаснува таа за Радио МОФ.

Лукомска е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk