#ИнстаИлустрации – Моника Муличковска

Моника Муличковска е графички дизајнер и фотографка која обожава да патува, но пандемијата ја поттикна да открие ново хоби – правење колажи.

На овој креативен начин, вели таа, се обидува да ги пренесува работите кои се добри за менталното и физичкото здравје.

„Се инспирирам од заборавените вредности на архитектурата, човештвото и природата, се обидувам да дадам еден критички осврт кон општеството, мојата идеа е да го поттикнам гледачот да го види очигледното и да ја разбудам емоцијата. Честопати и саркастично се изразувам за искривените вредности на човекот и ги прикажувам сите работи кои се пред нас, но не ги приметуваме затоа што се занимаваме со неважни работи“, вели таа за Радио МОФ.

Муличковска е уште една артистка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините колажи: