#ИнстаИлустрации – Магдалена Милојкоска

Магдалена Милојкоска се занимава со модната илустрација во манга стил. Таа започнала да ги објавува своите илустрации поттикната од #inktober.

„Инспирацијата ми е модната фотографија, модните списанија и интересни личности со уникатен стил. Илустрациите ги работам рачно и дигитално (комбинирано)“, вели таа за Радио МОФ.

Милојкоска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: