#ИнстаИлустрации – Магдалена Добревска

Магдалена Добревска од неодамна започна своите дела да ги објавува на Инстаграм, споделувајќи со јавноста повеќе од својата дигитална уметност. Таа е ученик во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на смерот мултимедија.

„Некои луѓе велат дека дигиталната уметност не е уметност, но не можам да се согласам со тоа. Мислам дека сите можности што ги има традиционалната уметност, во дигиталната можат да се надоградат и обратно. Јас сум инспирирана од двете и затоа сакам да продолжам да творам и да комбинирам различни идеи и мислења во моите дела“, вели Добревска за Радио МОФ.

Голем дел од нејзината инспирација доаѓа од секојдневните случки во реалниот свет. Покрај ова, со своето друштво имаат и уникатна игра, каде што заеднички работат на еден цртеж, секој црта линија по линија, а крајниот резултат, како што вели Добревска, секогаш излегува интересен.

Добревска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

@dreadpen можно е малце да каснам ама интересен предизвик со 3 бои макс.

A post shared by Магдалена (@magi_and_art) on