#ИнстаИлустрации – Јустина Чорниј, pinqaloo

Јустина Чорниј учи во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Таа уште од мала има голем интерес во анимираните филмови и серии и нивниот процес на реализација.

„Самата идеја на креирање свои ликови и свет е едно од најубавите искуства што сум ги имала. Креирањето не значи дека мораш се сам да правиш, со придружба на други личности што не само те разбираат, туку и ти даваат нова перспектива на работите можеш неверојатни идеи да реализираш со цртањето. Се надевам дека во иднината ќе ми се отвори прилика да создадам мој цртан или стрип. Моментално скицирам колку што е можно повеќе за да се спремам за таа идеална иднина. Колку и да мислам на тоа, не си дозволувам стресот да ме фати. Се учам како да се забавувам со тоа што го цртам и како да бидам поопуштена со изразување на љубовта кон моите интереси“, вели таа за Радио МОФ.

Чорниј е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: