#ИнстаИлустрации – Јана Ѓорѓиевска, shi.and.me

Јана Ѓорѓиевска е самоук 3Д моделар, илсутраторка и сонувач. Таа не се ограничува себеси кон еден медиум или алатка и верува дека кога има креативен порив и порака за пренесување, сè се учи.

„Почнав да илустрирам и да ги објавувам своите илустрации со цел да се прилкучам кон напорите за дестигматизација на менталното здравје и отворениот разговор за истото. Животот е толку непредвидлив и моите илустрации се своевидно сегменти од моите внатрешни емотивни процеси. Да се биде сензитивен, емпатичен човек е и благослов и клетва бидејќи ретко кога некој ги гледа работите низ истата призма како ти. Па така, низ илустрации и кратки текстови најдов начин да го канализирам мојот светоглед кон пошироката маса. Сонот ми е никогаш да не престанам да сонувам и да растам како идивидуа како во својот приватен живот така и во своите дела“, вели таа за Радио МОФ.

Ѓорѓиевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

https://www.instagram.com/p/B85y3HFnifS/

https://www.instagram.com/p/B9PoZnsnmWH/