#ИнстаИлустрации – Иванка НиБа

Иванка НиБа е дипломиран сликар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има 15 годинишно работно искуство како графички дизајнер, а во последните години активно се занимава со детска илустрација. Досега реализирала неколку изложби и учествувала на неколку ликовни колонии и самостојни проекти од областа на графичкиот дизајн, конзервација и реставрација и илустрација.

На 15 декември годинава, како илустратор и уредник, ги промовираше првите четири изданија од едицијата сликовници за деца наречена „Светулка“. Таа е составена од 15 нови поучни приказни напишани од неколку македонски автори. Изданијата се преведени на албански јазик, но и на знаковен јазик при што беа изработени и видеа наменети за децата со оштетен слух.

„Непресушен извор на инспирација, ми се детските цртежи, кои изобилуваат со фантазија, креативност и неповторливи форми. Академската подготовка и непосредноста што можеме да ја научиме од децата се одлична комбинација за создавање на чисто, искрено и неповторливо дело. Било да се работи за илустрација, сликарство, цртеж… „Слободната игра“ без страв, со бои, форми, линии, ја научив токму од нив. Покрај илустрацијата, уживам и во изработка на мозаици“, вели таа за Радио МОФ.

НиБа е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: