#ИнстаИлустрации – Ивана Атанасовска

Ивана Атанасовска годинава ќе биде матурантка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје. Таа веќе има солидно искуство во креаирањето илустрации. Нејзина инспирација отсекогаш биле цртаните филмови и фотографијата.

„Работохолик сум кога станува збор за уметност и цел ми е да отворам студио за анимација“, вели таа за Радио МОФ.

Таа е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk