#ИнстаИлустрации – Џошкун Алиевски, feralfrenzzy

Џошкун Алиевски се поврзува со уметноста уште во средношколските денови, запишувајќи се во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, на отсек графика, а подоцна дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за турски јазик.

Сепак, паралелно вежбал и се надградувал како цртач за денес да се нарекува „млад слободен уметник со изграден сопствен начин на моделирање на цртежот“.

„Ме импресионираат флората и фауната, па оттука доаѓа мојата инспирација. Моите дела се илустративни најчесто со мотиви од ‘дивиот свет’ прикажани во своите божествени и мрачни страни. Најмногу се посветувам за цртежот, конструкцијата, а користам свежи и богати бои“, вели тој за Радио МОФ.

Алиевски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

View this post on Instagram

Right this way sir…

A post shared by Dzoshkun Alievski (@feralfrenzzy) on