#ИнстаИлустрации – Душан Пејчев

Душан Пејчев дипломирал на катедрата по сликарство на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2013 година. Тој е добитник на наградата „Борко Лазески“ што ја доделува Факултетот и Музејот на Град Скопје, за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Покрај ова, ја има освоено и третата награда на Меѓународниот конкурс за мал формат во Нови Сад во 2013 година.

Негова инспирација за творење се колегите со кои соработува.

„Секогаш наоѓам нешто интересно и инспиративно во разговорите што ги водиме околу различни идеи. Тоа ме поттикнува илустрацијата да ја гледам како еден вид истражување, каде многу често се дистанцирам од комфор зоната. Затоа се трудам да работам во различни стилови без да се ограничувам и строго да се придржувам само до еден тип на интерпретација. Дигиталните цртачки и сликарски медиуми дозволуваат многу слобода во работата, со самото тоа што го прават процесот лесно интерактивен. Оттука, секоја наредна илустрација ја гледам како едно ново искуство, нов предизвик“, вели тој.

Пејчев е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

https://www.instagram.com/p/B9Pn0BmnQ_A/

https://www.instagram.com/p/B8hgudJHRqm/

https://www.instagram.com/p/B8Mw18DH1co/

https://www.instagram.com/p/B7q5RJfHPVE/

https://www.instagram.com/p/B7Q8-08nfHx/