#ИнстаИлустрации – Дејан Давчевски

Дејан Давчевски е дипломиран ликовен педагог на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Веќе две години се занимава со дигитални илустрации, но како што вели, најголемиот преоритет за него се дела на платна, секојдневно експериментирање и истражување за подобрување на себеси и своите дела.

Тој за себе вели дека уште од мали нозе секогаш прво ја фаќал четката, па потоа лажицата за јадење. Давчевски е автор на еден од ѕидовите во катната гаража „26 јули“ за настанот „Градот убав” организиран од Младинскиот културен центар.

„Мојата вистинска љубов кон уметноста се јави кога дознав за графити културата, до ден денес се уште ми е најголемата инспирација и најверојатно ќе цртам се додека можам. Почнувајќи од Keith Haring па се до Banksy, ме инспириралa таа слобода за да пренесеш на луѓето што ти мислиш, или можеби ке бидеш вулгарен и на некого нема да му се допадне тоа, изборот е твој, вредноста му ја дава народот. Сето тоа ме мотивира да ги престанам моите идеи дали било тоа на платна, дигитални илустрации или мурали“, вели тој за Радио МОФ.

Давчевски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: