#ИнстаИлустрации – Дарко Петрушев

Дарко Петрушев е дипломиран уметник на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство, во Скопје. Изминативе години активно твори во областа фреско живописие, a негови дела може да се најдат во неколку цркви низ Македонија.

„Во моите уметнички дела, освен потрагата по нов ликовен израз, се занимавам и со набљудување на човекот во фигуративна и експресионистичка смисла. Освен фигурацијата, особен интерес имам за портретот како ликовна дисциплина, кој во различни стилови и аспекти се појавува низ моето досегашно и тековно творештво“, вели тој за Радио МОФ.

Петрушев е уште еден уметник кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите портрети: