#ИнстаИлустрации: Бруталиск е обид да се слави најдоброто од Скопје

Бруталиск е група на локални пријатели, обожаватели на градот и ентузијасти кои прават мултимедијален концепт за повторно сознавање на Скопје, за подигање на свесноста за важноста на градот наспроти државата, за повторно вљубување во неговите убавини и негово отворање кон светот.

„Бруталиск е обид да се слави најдоброто од Скопје – најактивниот период на неговиот развој, најимпозантните објекти, најкорисните јавни простори… Периодот на модерната, како и бруталистичките градби направени по скопскиот земјотрес, го прават нашиот главен град да биде препознатлив и посебен во светот како „модернистички град“, велат од уметничкиот колектив за Радио МОФ.

Преку Инстаграм, @brutaliskp едуцира, со мисија да го претстави вредното архитектонско минато на градот и да го документира неговиот израз, да ги поддржува вредностите кои скопската архитектура ги претставува.

„Скопје – градот на солидарноста. Скопје – отворен град. Скопје – космополитски град. Град сакан од своите граѓани, од посетителите, од престојувачите и ценет од странците. Бруталиск има задача да го зајакнува локалниот идентитет на Скопје и скопјани“, е она што го истакнуваат од колективот.

Оттаму велат дека скопскиот брутализам е денес поубав од кога било и станува поубав со секој изминат ден. Според нив, патината на бетонските ѕидови, околното зеленило и паркови на овие препознатливи скопски објекти прават да изгледаат позрело од светлите денови кога биле изградени.

„Дури и дистописките слики од запуштените и напуштените објекти зборуваат за тоа како бетонот и природата можат да опстојуваат заедно и да се надополнуваат. Најголема атракција во Скопје изминатите неколку години не се грозните објекти од проектот „Скопје 2014“, туку реоткриените и напуштени бетонски објекти – таму се одржуваат концерти, разни настани, таму се одржуваат промотивни настани, нивните слики ги доминираат хаштазите на градот кои некогаш ги доминираа барокот, фонтаните и стиропорот“, велат од Бруталиск.

Овој уметнички колектив се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нивните илустрации за скопскиот брутализам:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MKⓇ brutalisk (@brutaliskp)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MKⓇ brutalisk (@brutaliskp)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MKⓇ brutalisk (@brutaliskp)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MKⓇ brutalisk (@brutaliskp)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MKⓇ brutalisk (@brutaliskp)