#ИнстаИлустрации – Боркица Арсевска

Боркица Арсевска е сликар, креативец, заљубеник во природата и животните.

Посакувајќи секојдневнието да биде хармонично, со повеќе разбирање и емпатија, опфаќајќи ги сите сегменти од животот ѝ даваат инспирација да твори преку сите можни медиуми.

Таа од мали нозе е фасцинирана од моќта на книгите и анимираниот филм, па така започнува да црта, истражува, креира.

Во средношколските денови станува вистински заљубеник на класичната и традиционална уметност.

Во нејзината следна фаза како дел од нејзините студентски денови и ангажмани се запознава и започнува да твори традиционален фреско живопис. Продолжува да истражува со помош на професор Александар Цветковски – дел од тогашниот тим на ,,Детска Радост” и ,,Просветно Дело” и поинтензивно се осврнува кон детската илустрација инспирирана од невиноста и чистотата на детскиот свет и имагинација.

Но, таа се занимава и со рачна изработка на накит, слика на облека, има пасија кон индијанската култура и на крај, тоа заедно го пренесува преку дигиталниот медиум.

Играјќи си со боите и формите и различните техники кои тој медиум ги овозможува, експериментирајќи со стилови, ја вплетува својата внатрешност и имагинација, опишува Арсевска.

Креативноста е бескрајна приказна, забележува таа.

Арсевска e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

..Soooo, here is another Cover that I enjoyed creating…”Rosica”Children Magazine

A post shared by Totem Creation (@totemcreation) on