#ИнстаИлустрации – Анастасија Зафировска, valherien

Анастасија Зафировска е самоук илустраторка која цртањето го научила истражувајќи разни извори на интернет и читајќи книги. Од неодамна решила сериозно да се посвети на илустрацијата и да започне кариера во ова поле.

„Мојата најголема инспирација доаѓа од приказните, природата околу мене и моето семејство. Сакам да илустрирам детски приказни и со време да издадам свои приказни и графички новели. Цртањето ме прави многу среќна, но сакам уште многу да се усовршам за да ја постигнам својата цел“, вели таа за Радио МОФ.

Зафировска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

https://www.instagram.com/p/B7xzczWnBtQ/

https://www.instagram.com/p/B6l-YdRjofw/

https://www.instagram.com/p/B3Z97poj_2G/