Инстаграм воведува опција за приватни фотографии и допишување

Популарниот сервис за фотографии и подружница на Фејсбук, Инстаграм од денеска воведува нова опција, со која уште повеќе се доближува до социјална мрежа. Преку новата опција, наречена Instagram Direct, корисниците ќе можат приватно, меѓу себе да испраќаат фотографии и текстуални пораки.

Инстаграм воведува опција за приватни фотографии и допишување

„Комуникацијата не е во фотографиите. Ако беше така, ќе бевме вградени во камери и фотоапарати, но ние сме вградени во телефони. Досега се фокусиравме на фотографии и видеа, односно „моменти. Испраќањето пораки додава трета димензија на апликацијата, а тоа е можноста луѓето да комуницираат со зборови, и тоа приватно“, изјави извршниот директор на Инстаграм Kevin Systrom.

Кога ќе завршите со едитирање на фотографијата во Инстаграм, отсега ќе можете и да ја испратите сликата до најмногу 15 луѓе одеднаш. Ако пријателот е онлајн во моментот, неговиот аватар светнува внатре во прозорецот за пораки и ви дава на знаење дека тој ја примил пораката.

Ова е прв чекор на Инстаграм кон вклучувањето на текстуалните пораки на севисот. Оваа одлука на компанијата доаѓа по огромниот успех на ваквите онлајн сервиси како: WhatsApp, Kik, Viber, и од неодамна,  Snapchat. Но, приватните пораки не се нова идеја. Уште од своите почетоци, Твитер, на пример, има опција за приватни пораки, но тие не се во прв план на оваа социјална мрежа. Оваа година, Инстаграм воведе најпрво видеа, па апликација за Windows телефоните, тагирање на фотографии, освежување на iOS апликацијата, како и реклами.