Инстаграм воведе алатка која ги потсетува тинејџерите да прават пауза

Инстаграм од вчера воведе алатка која ги поттикнува тинејџерите да прават паузи од платформата за споделување фотографии и најави други алатки кои имаат за цел да ги заштитат младите корисници од штетна содржина на мрежата во сопственост на Фејсбук.

Претходно најавената функција „Направи пауза“ ги охрабрува тинејџерите да престанат да скролаат ако се задржале подолго време на оваа платформа, рече шефот на Инстаграм, Адам Мосери во блог пост.

Оваа опција е пуштена во употреба во САД, Обединетото Кралство, Ирска, Канада, Нов Зеланд и Австралија, а треба да стигне до остатокот од светот на почетокот на следната година, рече Мосери.

Младите корисници ќе добиваат известувања за функцијата и ќе бидат повикани да поставуваат потсетници за да прават повеќе паузи понатаму, се вели во објавата.

Тоа е еден од напорите што Фејсбук, преименуван во Мета платформи, ги промовираше на своите платформи по реакциите дека не презема доволно акција за да спречи штетна содржина и се соочува со ново законодавство кое сака да наметне ограничувања за технолошките гиганти.