Instagram тестира опција за повеќе профили да се активираат на еден уред

Instagram почна да работи на опцијата повеќе профили да се активираат на еден уред. Како што соопштуваат од компанијата, засега ова може да го користат само ограничен број на корисници на оперативниот систем Android, кои се вклучени во тестирањето.

Тест периодот трае подолго време со цел да им се овозможи на корисниците да активираат неколку профили преку менито на апликацијата. Откако ќе го направат тоа, ќе можат да споделуваат и гледаат фотографии од различни профили.

Сепак, се уште не се знае дали оваа опција ќе биде достапна за секој, или ќе биде достапна само за iOS. Facebook и Instagram претежно ги тестираат своите апликации преку Android, пред да бидат јавни.

Досега, корисниците мораа да имаат различни апликации за да споделуваат од различни профили. Instagram одлучи дека од јуни 2016 година нема да се поврзува со други апликации.