Инстаграм отсега овозможува да се зачувуваат туѓи слики во приватна колекција

Почнувајќи од вчера, социјалната мрежа за споделување фотографии Инстаграм им овозможува на своите корисници да зачувуваат слики од други профили во сопствена, приватна колекција.

Сега Инстаграм има мала иконка за зачувување „bookmark“. Корисникот треба да го кликне копчето и објавата ќе му биде зачувата во приватен албум на неговиот профил, кој само тој може да го гледа.

Се работи за мала, но корисна промена, која е поедноставна од правење на „скриншот“ од туѓа фотографија.

За да се користи новата алатка, апликацијата може да се ажурира на оперативните системи Android и на iOS.