Инстаграм дозволува бришење коментари како начин да се намали интернет малтретирањето

Инстаграм наскоро ќе им овозможи на своите корисници да „филтрираат“ и забрануваат коментари на нивните фотографии, со цел да се спречи говор на омраза, навредливи зборови и фрази.

Според компанијата, корисниците ќе имаат поголема контрола над тоа што се модерира, бидејќи луѓето се навредуваат од различни нешта. Корисниците исто така ќе можат да ги сокриваат коментарите еден по еден, или пак сите одеднаш.

Новата можност на Инстаграм ќе биде воведена во наредните неколку месеци.