„Инстаграм“ четот отсега е достапен и преку десктоп за сите корисници

На почетокот на годината, „Инстаграм“ овозможил испраќање на директни пораки преку десктоп, но опцијата била достапна само за мал процент на корисници. Меѓутоа, од почетокот на април, оваа опција е достапна за сите корисници.

Компанијата преку својот „Твитер“ профил соопштила дека отсега сите корисници ќе можат да праќаат директни пораки преку десктоп.

 

Праќањето и добивањето на Инстаграм пораки функционира како и на секоја друга мобилна апликација.

При логирањето од десктоп, иконата за инстант четување е поставена во горниот десен агол. Штом се кликне, од лева страна овозможено е прегледување на сите постоечки разговори.

Исто така, задржана е и опцијата за испраќање на директна порака преку мобилен телефон од самата апликација, само со отворање на посакуваниот профил и кликање на иконата за пораки.

Доколку сте премногу активни на „Инстаграм“, сега исто така можете да добивате нотификации и на десктоп без да пропуштите ниедна новост.

Имајќи предвид дека целиот свет е во изолција поради коронавирусот, ова е совршено време за праќање на  директни пораки преку вашиот компјутер.

Извор: Mashable