Инспири(г)ра-детски креативни работилници

Буден театар организира серија детски креативни работилници и активности.

Секоја прва и трета сабота ќе се одржуваат креативни детски работилници „ИнспириГра”. Секоја втора и четврта сабота- инсценирани читања на детска литература „Итам, да читам”. Потоа, 14 изведби на претстатвата „Писмо некому” за децата од училиштата на Општина Центар, а на крај ќе се одржи и четвртото издание на фестивалот за детски театар „Фенер”, коe ќе се одржи во јуни.

Првата работилница се одржува денес со почеток од 12 часот, во Парк на франкофонија.

„ИнспириГра“ е време во кое заедно со децата откриваме, си играме, создаваме и и ја осознаваме моќта на сопствената имагинација. Секоја ИнспиГра е уникатна и неповторлива. Континуитет во посетувањето на ИнспиГра не е задолжителен, но се радуваме кога се среќаваме со дечињата редовно и го надградуваме нашето креативно пријателство“, велат од Буден театар.

Детските креативни работилници се дел од проектот „Децата во Центар ( на вниманието) “, кој Буден Театар од февруари до јуни 2017 година ќе го спроведува на територијата на Општина Центар.

„Преку овој проект целиме да го инспирираме македонското општество да ги постави децата во центарот на вниманието, поттинкувајќи квалитетни културни активности кои се насочени кон деца, и кои се стимулирачки кон нивниот креативен и интелектуален развој“, велат од Буден театар.