Inner Wheel Club Skopje Europea: За булингот се зборува отворено, но недоволно

Булингот е тема за која последниве години отворено се зборува но недоволно. Жртвите на овој вид нетолеранција најчесто вината за нападите ја бараат кај себе и ретко бараат помош или за тоа отворено зборуваат. Најчесто се затвораат во себе, стануваат повлечени, несигурни и избегнуваат дружење, велат од „Inner Wheel Club Skopje Europea“, која организира серија настани за одбележување на 16 ноември, Меѓународниот Ден на толеранција.

Од сервисната и хуманитарна организација сметаат дека е многу важно да се зборува на тема булинг, да се побара совет од стручни лица, а вработените во образовниот процес треба навреме да ги детектираат овие појави.

Оттука, во Кинотеката на Македонија денеска ќе биде организирана дебата на тема „Врсничко насилство (булинг) во училиштата“.

По проекцијата на филмот, ќе зборуваат претставници од Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, стручни лица за детска психологија и студенти. По нив ќе следува дебатата во присуство на ученици од основните и средните училишта, кои се директно изложени на оваа појава, како и студенти од неколку факултети во Скопје.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата ќе продолжи утре со тркалезна маса на тема „Говор на омраза“.