[INmusic 2016] Со Kooks и PJ Harvey заврши фестивалот во Загреб

Последната вечер на INmusic фестивалот започна со звуците на Гана, со Pat Thomas and Kwashibu Area Band, а заврши со емотивниот концерт на Британката PJ Harvey.

„Златниот глас на Гана” со својот бенд ги маѓепса присутните на „world“ сцената, кои играа во ритамот на Африка и уживаа во енергичниот настап.

Потоа следуваше концертот на британскиот поп рок бенд, The Kooks, кои повеќе ја привлекоа помладата публика која ги пееше нивните познати рефрени во еден глас.

За оние кои сакаа поразлична забава, како караоке, интерактивни игри, одење по жица и секакви други предизвици, можеа тоа да го пронајдат во скриените катчиња.

Pj Harvey беше последниот изведувач на главната сцена, а се претстави со песните од последните два албуми, но и добропознатите хитови како „To bring you my love“ и „Down by the water“.

Со ова и официјално заврши 11-тото издание на INmusic фестивал кој се одржа од 20-22 јуни во Загреб, на езерото Јарун.

Стефанија Тенекеџиева