Инклузивен мултимедијален концерт „Види ме“ вечер во Македонска филхармонија

Во Македонска филхармонија вечер од 19 часот ќе се одржува мултимедијален инклузивен концерт „Види ме“ во изведба на учениците со оштетен вид од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.

На настанот, како поддршка и пример за инклузивност, заедно ќе настапат учениците од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Настанот е дел од акцијата за обезбедување финансиски средства за изведба и одржување на „Центар за рехабилитација на деца и лица со оштетен вид“ во склоп на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.