Иницијатива за оживување на просторот „Ла Луна” во Кавадарци

Во рамките на проектот на Плоштад слобода – „Граѓански активатор”, здружението Проект-ЕУ од Кавадарци, како партнер, започна иницијативата за повторно ставање во функција на просторот на поранешна дискотеката „Ла Луна” – место каде некогаш се собирале сите генерации во градот, сместен во Градскиот парк.

кавадарци

Настанот ќе се одржи во понеделник (28 јули) со почеток во 9 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, а со цел да се „соберат“ спомените за едно место , а присутните да се потсетат каков бил овој простор некогаш, а во каква состојба е денес. Посетителите ќе можат да ги запишат спомените, како и да ги пренесат своите пораки со што ќе започне иницијатаивата за оживување на просторот кој порано бил сржта на Кавадарци.

„Ја започнавме оваа иницијатива за актуелизирање на проблемот поради тоа што местото на поранешната дискотека „Ла Луна” повеќе од 10 години е напуштено без никој да се грижи за истото. Покрај можноста за потенцијални зарази, ова е место кое буди многу спомени и носталгаија кај Кавадарчани. Со оглед дека истото е во сопственост на Општина Кавадарци сакаме преку симболичен настан да апелираме Општината и Советот на град Кавадарци да се позанимаваат со овој проблем за да може објектот повторно да се стави во функција како Младински културен центар кој му е потребен на градот“, апелираат од Иницијативата.