Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ продолжува утре

Утре (1 октомври) со почеток во 11 часот на платформата од ГТЦ кон паркот „Жена – борец“ ќе се одржи прес- конференција по повод продолжувањето на активностите под мотото „Го сакам ГТЦ“.

Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни годинава како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.

Иницијативата за зачувување на автентичноста на ГТЦ тече и продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции.

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ја покрена Асоцијацијата на архитекти на Македонија со поддршка од професионалци од релевантни области, невладини организации и граѓани кои го сакаат и ценат Градскиот трговски центар. Идејата за зачувување на автентичноста на ГТЦ доби поддршка и од Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ и жители на станбените кули.