Иницијатива за професионализација и развој на младинска работа

Иницијатива  за професионализација и развој на младинска работа Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово во МОФ центарот – Тетово ја претстави иницијативата за регионално вмрежување, професионализација и развој на младинската работа. Целта на иницијативата е да се формира систем за поддршка на младите, да се развијат професионални стандарди и водичи за разботата со млади на нацинално ниво како  и да ја дефинира законската рамка за признавање и развивање на разботата со млади во Македонија.

На средбата присуствуваа претставници на невладините организации Младински образовен форум, ЦЕД, Сонце, Мултикултура, ЛГБТ, , SN7, ЦРУЈЖ, ЦДРИ, Форум на жената албанка, претставник од проектот YES network USAID,  кои дадоа согласност за спроведување на иницијативата.  Преку работни групи, им беше претставена иницијативата.

МОФ центарот во Тетово е контакт  точка за регионалното вмрежување во полошкиот регион.

Иницијативата ќе продолжи на национално ниво каде што ќе бидат поканети сите организации и ќе се разговара подетално за проширување на иницијативата.

Бобан Костадиновски