Иницијативата „Запознај ги скопјани“ бара нови членови

Тимот на „Запознај ги скопјани“ е во потрага по нови членови, волонтери, кои ќе продолжат да раскажуваат локални приказни за градот и неговите ликови.

Тие бараат фотографи, луѓе што сакаат да креираат дизајни, да прават настани, да пишуваат и пренесуваат приказни.

„Запознај ги скопјани“ e тим од млади кои ја прикажуваат моменталната слика на овој град, вклучувајќи ги сите негови недостатоци, проблеми, позитивни страни и можности.

„Зошто? Како граѓани се чувствувавме ретко прашани за нашите идеи и сугестии за местото во кое живееме. Дополнително, сметаме дека скопјани (не)свесно ги избегнуваат сите позитивни и убави страни на градот, целосно предавајќи се и зборувајќи за оние негативните. Па така се роди идејата за нешто што би го поправило сето тоа“, стои во описот за ницијативата.