Иницијатива за социјална вклученост на млади со оштетен вид

Здружението на граѓани „Младите можат“ организира настан за поттикнување на социјалната вклученост на млади со попречен вид, симболично насловен „На кафе зад превезот“. Настанот почнува во 20:00 часот, во локалот „Децата од нашата улица“ во Дебар маало.

Целта на настанот е да се разбуди свеста на луѓето за животот на младите со оштетен вид и потребата за нивна поголема социјална инклузија.

– Во склоп на настанот ќе се одржи симулација на која учесниците ќе имаат превез на очите со што би го искусиле секојдневното функционирање на младите со попречен вид и би се ставиле „во нивни чевли”, соопшти организаторот.

Настанот е дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“, реализиран од „Младите можат“ во партнерство со „Симбиотика“ и со поддршка од програмата „ЦИВИКА Мобилитас“.