Иницијатива во Загреб: Плаќам влезница бидејќи сум дел од сцената што ја поддржувам

Слоганот „Плаќам влезница бидејќи сум дел од сцената на што ја поддржувам“ настана по дискусија за самоодржливоста на клубската сцена во состав на настанот „Beat Manifest“, организиран во Згреб. Иницијативата ја покрена загребскиот диџеј, Марко Јешовник, а резултатите од неа се изненадувачки, пишува „Mixmag“.

Целта на оваа иницијатива е менување на генералниот став, односно публиката да увиди дека со плаќањето влезници не се создава профит кај некого, туку парите се користат за да се покријат трошоците за изведба. Покренувачите на иницијативата им предложија на сите организатори на настани, во најавите за идните настани, флаери и останати промоторски алатки, да ставаат банер од иницијативата, како на печатените, така и на дигиталните материјали.

Во продолжение прочитајте ја пораката на носителите на оваа иницијатива:

„Со купувањето на оваа влезница, учествуваш во покривање на трошоците за продукција на овој настан, без што тој би бил невозможен. Трошоците кои ние како организатори ги покриваме ИСКЛУЧИВО од продажба на влезници (или од сопствени пари) вклучуваат : хонорари, патни трошоци и `гостопримство` за изведувачот, изнајмување простор и озвучување, редарска служба, промо материјали и онлајн промоција, персонал во клубот (техничари и продавачи на влезници), и сите државни такси од продажбата на влезници за музички настани. Ние како организатори НЕМАМЕ никаков удел во продажбата на пијалоци на овој настан.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ што изведувачите и нас не поддржуваш со купувањето на влезница, за да работиме и понатаму“, се вели во текстот од иницијативата.