Иницијатива #ПочниСоВодно – секој четврток искачување и забава на Водно

Планинарската група „I love hiking“ ја покрена иницијативата #ПочниСоВодно“, која има за цел да ги поттикне граѓаните да практикуваат здрав живот. Тие секој четврток организираат искачување и забава на Водно.

Организаторите за денес најавуваат забава со бендот `Dad. Искачувањето ќе започне од училиштето „Кочо Рацин“ во 18:30 часот.

Оние што сакаат да се приклучат треба да си понесат ранец, шише вода, текна јакна и дополнителна маица, ламба и полни батерии на мобилниот телефон.

„Се дружиме секој четврток на Водно додека имаме убаво време или до почетокот на есенските дождови“, стои во поканата за настанот.

За враќање, се тргнува најдоцна во 22:30 часот.

„Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки“, стои во настанот.