Иницијатива #ИзлезиИДиши на Ај Лав Хајкинг

Планинарскиот клуб Ај Лав Хајкинг започнува иницијатива #ИзлезиИДиши со мали кратки тури на планините поради екстремно загадениот воздух последниве викенди.

Иницијативата започнува утре со еднодневна планинарска акција на Бесна Кобила, а најавени се и следни тури: Царев врв (17 февруари), Лисец (10 Март), Трескавец (7 Април)

Организаторите велат може да им се приклучи секој кој има желба за планина и е психофизички подготвен, без разлика дали е член или не е член на некој планинарски клуб.

Повеќе информации за планинската тура и податоци за контакт можете да најдете на следниов ЛИНК.