Информации за првиот уписен рок во јавните средни училишта

Информации за првиот уписен рок во јавните средни училиштаВо учебната 2012/2013 година осмо одделение завршија вкупно 22 900 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број на слободни места, вкупно 34 971 ученички места, во сите јавни средни училишта во Македонија, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

Првото пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2013/2014 година беше на 24 и 25 јуни 2013 година.
Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, од јавните средни училишта во Република Македонија добиени се следниве податоци:

• Уписот е завршен за гимназиско образование во:
– СУГС Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин” – Скопје,
– СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје,
– СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје,
– СУГС „Георги Димитров“ – Скопје.

• Уписот е завршен за здравствена струка во:
– СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово во паралелките на албански наставен јазик
– СОУ „Нико Нестор“ – Струга во паралелките на македонски наставен јазик и
– СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица.

• Уписот е завршен за економско, правна и трговска струка во:
– СУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје за образовниот профил правен техничар (слободни места има само за економски техничар).
– СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје во паралелките на албански наставен јазик.

Во првиот уписен рок во првото пријавувања вкупно се пријавија 18 934 ученици од кои:
• 13 351 ученик за настава на македонски наставен јазик,
• 5 145 ученици за настава на албански наставен јазик,
• 320 ученици за настава на турски наставен јазик,
• 1 ученик за настава на српски наставен јазик и
• 117 повторувачи.

Во првиот уписен рок во првото пријавувања вкупно се запишаа 13 137 ученици од кои:
• 9 735 ученици за настава на македонски наставен јазик,
• 3 137 ученици за настава на албански наставен јазик,
• 149 ученици за настава на турски наставен јазик
• 1 ученик за настава на српски наставен јазик и
• 115 повторувачи.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за вкупно 20 523 ученици од кои:
• 13 177 слободни места за настава на македонски наставен јазик,
• 6 480 слободни места за настава на албански наставен јазик,
• 804 слободни места за настава на турски наставен јазик,
• 33 слободни места на српски наставен јазик и
• 29 слободни места за повторувачи.

СПОРЕД ВИДОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Запишани се вкупно:
• 5 780 ученици во гимназиско образование од кои:
– 4 225 ученици на македонски наставен јазик,
– 1 432 ученици на албански наставен јазик,
– 90 ученици на турски наставен јазик,
– 1 ученик на српски наставен јазик и
– 32 повторувачи.
• 7 311 ученици во стручно образование од кои:
– 5 464 ученик на македонски наставен јазик,
– 1 705 ученици на албански наставен јазик,
– 59 ученици на турски наставен јазик и
– 83 повторувачи.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за:
• во гимназиско образование за 5 611 слободни места од кои:
– 3 425 за ученици на македонски наставен јазик,
– 1 834 за ученици на албански наставен јазик,
– 318 за ученици на турски наставен јазик,
– 33 за ученици на српски наставен јазик и
– 1 за повторувач.
• во стручно образование за 14 890 слободни места од кои:
– 9 730 за ученици на македонски наставен јазик,
– 4 646 за ученици на албански наставен јазик,
– 486 за ученици на турски наставен јазик и
– 28 за повторувачи.

Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување, не е пресметан бројот на учениците од средните музички училишта, средното училиште за применета уметност и средното училиште за спортска гимназија, бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.

Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во првиот уписен рок има во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 1 и 2 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 4 јули 2013 година.