[Инфографик] Завршува ли ерата на брзата храна?

Вештачки адитиви, хормони, антибиотици и ГМО. Овие зборови никогаш претходно не биле толку застапени во јавноста како што се денеска, а компаниите за брза храна тоа го чувствуваат. Мекдоналдс, најголемиот ланец за брза храна во светот се наоѓа во проблеми во последните неколку години – толку големи, што компанијата престана да ги споделува своите месечни податоци за продажбата.

Сите големи ланци за брза храна ја чувствуваат промената во расположението на потрошувачите кон поздрава храна, а некои од нив, како Чипотл, веќе добиваат предност, со подготвеноста да се неклонат кон трендот на здравата храна. Овој ланец, бо потег кој беше оценет како сензационален, комплетно ја елиминираше ГМО храната од своето мени. Некои од научниците ова го нарекоа и погрешен потег, но Чипотл го знае значењето на маркетингот, па науката и не е толку важна.

Едноставно, за да опстанат на пазарот, продавачите на брза храна мораат да се менуваат од корен, а во наредните десет години, според најавите, компаниите како Мекдоналдс и Бургер Кинг целосно ќе ја сменат својата природа. Во овој инфографик се претставени правците и начините на кои се случува оваа промена:

[Инфографик] Завршува ли ерата на брзата храна?