[Инфографик] Вторите јазици во земјите низ светот

Веб-страницата MoveHub.com е ресурс за луѓето кои сакаат да се преселат во друга земја. Оттаму го објавија овој корисен инфографик, кој покажува кој е вториот јазик во секоја земја од светот. Некои од јазиците се очекувани, како францускиот во Канада. Други, пак, кажуваат многу за историјата, раскажувајќи ја приказната за одреден регион или земја во последните неколку стотици години.

Англискиот е јазик кој во најмногу земји се говори како втор (55). Францускиот е втор јазик во 14 земји, а рускиот во 13. Во Австралија, јазик со втор најголем број говорници е мандаринскиот, додека во Русија, тоа е татарскиот јазик. Погледнете го овој интересен инфографик (кликнете на сликата за поголема верзија):

[Инфографик] Вторите јазици во земјите низ светот