[Инфографик] Вработените во текстилната и кожарската индустрија од јануари до април со просечна плата од 13.675 денари

Просечна исплатена нето плата по вработен во текстилната и кожарската индустрија за периодот јануари – април 2017 година изнесува 13.675 денари. Минимална потрошувачка за истиот период изнесува 32.144 денари. Две просечни нето плати не можат да ги покријат минималните месечни трошоци за живот на четиричлено семејство во Македонија.

Ова се дел од податоците презентирани на вториот инфографик од проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“ кој Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го спроведува со Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на инфографици со цел да ја информираат јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија, пријавени случаи на прекршувања, поведени постапки пред надлежен инспекторат и суд и утврдени прекршувања. Вториот инфографик се однесува на периодот март – мај 2017 година.

Инфографикот можете да го преземете на следниов ЛИНК.