Слободната работа или фриленсингот е растечко занимање во сите развиени земји денеска, поттикнато од развојот на технолошките компании, онлајн-новинарството и маркетингот на социјалните мрежи, меѓу другото.
Од една страна, ваквиот вид работа овозможува самите да си го изработите распоредот, да работите кога сакате. Од друга страна, пак, немате колеги од работа, вработувањето е несигурно, а сите трошоци (за материјали, интернет итн.), паѓаат на вас.
Во западните земји, во последните години се отвораат посебни места (co-working spaces), во кои работат и се дружат фриленсерите кои не сакаат да се откажат од атмосферата на работното место. Во овие места, дизајнери, фотографи, уметници, студенти, девелопери и пишувачи се дружат во работна средина, помагајќи си мешу себе.
Еве инфографик во кој се содржани интересни резултати од истражувања за фриленсерите во западните земји: