[Инфографик] Политичките ветувања за студентските домови во Скопје

Студентскиот пленум изработи инфографик за сите политички ветувања, на сите досегашни политички гарнитури во врска со студентските домови во главниот град во периодот од 2002 до 2015 година.

„Изминатиов период слушавме сѐ повеќе ветувања околу реновирање и градење на нови студентски домови. Заради оваа причина одлучивме да направиме една анализа, што сѐ е кажано и ветено на темава и да го срочиме во една временска линија. Анализата го опфаќа периодот 2002-2015, само за студентските домови во Скопје. Прашањето кое си го поставуваме е како да им веруваме на овие луѓе?“, прашуваат од Пленумот.