[Инфографик] НМСМ: Само 0,26 отсто од вкупните средства на Агенција за млади и спорт се за млади

Националниот мадински совет на Македонија преку инфографик реагира за минималните средства кои Агенцијата за млади и спорт ги определила за Секторот млади во 2016 година.

Како што посочуваат од НМСМ, Агенцијата годинава одвоила само 0,26 отсто од вкупните средства. Со инфографикот насловен #ЗаМладитеМора, Националниот младински совет бара поголем буџет кој ќе биде наменет за младите. Тие потсетуваат и на делот од програмата на Агенцијата, во кој се вели дека:

„Секторот млади врши работи кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето на улогата на младите во развојот на Република Македонија“.

Во продолжение, инфографикот што го подготви НМСМ:

Loading...

Loading…