[Инфографик] Неверојатни статистики за безбедноста на тинејџерите на интернет

Уште од почетоците на интернетот, тинејџерите се меѓу најбројните негови корисници. Но, со годините, се измени една клучна карактеристика на користењето на светската дигитална мрежа – приватноста. Денеска, сите се членови на повеќе социјални мрежи, а идентитетот и приватноста повеќе не можат да се сокријат.

Со појавата на „паметните“ телефони, кој е главно средство за интернет-комуникација на тинејџерите, бројот на корисници на сите онлајн платформи стана огромен, а заедниците, од некогашните ограничени групи на истомисленици, станаа конгломерати составени од милиони корисници.

Зголемувањето на масовната комуникација на интернет со себе носи феномени и опасности со кои досега општеството се нема сретнато: крадење на идентитетот, изживување и малтретирање на интернет со сериозни последици, несразмерно и опасно отуѓување на младите од вистинскиот живот.

Овој инфографик ги претставува статистиките, кои покажуваат колку се небезбедни денешните тинејџери на интернет:

[Инфографик] Неверојатни статистики за безбедноста на тинејџерите на интернет