[Инфографик] Најкористените емоџи на Твитер

Во чест на Светскиот ден на емоџите, кој се одржува секоја година на 17 јули (бидејќи тој е датумот искористен за емоџи-датум), Твитер објави инфографик на глобално најкористените емоџи.

Најкористено емоџи во цел свет е „емоџито кое се смее со солзи“. После него се насмеаното емоџи со очи срциња и емоџито кое плаче. Се забележува разлика во различни земји за тоа кое е најкористеното емоџи. Резултатите од истражувањето на Твитер се прикажани на инфографиците подолу.