По повод денешниот празник 8-ми септември, кога се слави македонската независност, левичарското движење „Солидарност“ објави ингографик за како што велат „да согледаме каде бевме некогаш, а каде сме сега“.
„Споредено со 1990, последната година за која имаме податоци за СРМ, бележиме назадување во скоро сите важни сегменти на живеењето – животниот стандард, невработеноста, нееднаквоста, здравството, образованието. Наместо независност, добивме назадување. Време е работите да се сменат! Нам не ни фали минатото, ни фали можноста за подобра иднина!“, велат од движењето.