[Инфографик] Мотивација за промени во општеството

Социјалната промена може да се дефинира како акција за промена на состојбата во општеството. Идејата е оние кои што се вклучени, активно да бараат подобрување на природата, односите, институциите или нашето однесување. Овој инфографик, заснован на анкета спроведена во осум земји, ни покажува која е мотивацијата која стои позади волјата на луѓето за општествена промена.

Во некои земји, како САД и Канада, оваа волја потекнува од опсервацијата дека на другите луѓе им е потребна помош. Во Кина, се верува дека секој човек има морална одговорност да им помага на другите. Исто така, во многу земји луѓето изјавуваат дека се чувствуваат добро кога им помагаат на другите луѓе.

Секако, постојат и други видови мотивација за општествени промени: желбата да се биде дел од решенијата на проблемите, како и желбата да се помогне сам на себеси. Интересно е и тоа што желбата за социјалната промена во некои земји е многу поизразена кај повозрасните, отколку кај младите луѓе.  Еве ги резултатите од анкетата:

[Инфографик] Мотивација за промени во општеството